DNA Day Sale: Save on Family Finder, Y-DNA, & mtDNA. Now through April 25th.

Macedonian DNA

  • 240 members

About us

Македонскиот ДНК Проект при FamilyTreeDNA се стреми кон собирање на ДНК примероци од Македонци. Добредојден е секој кој што е Македонец, без разлика на државјанство, т.е може да е од Република Македонија, од дијаспората или од соседните држави! Голем избор на тестови е достапен( Y-DNA, mitochondrial DNA, autosomal DNA) при што секој од овие тестови помага при сознавање на дел од Македонското потекло и историја:


  • Неодамнешни генеолошки врски помеѓу учесниците во проектот
  • Генетеската разноврсност помеѓу Македонците
  • Сличноста на Македонците со другите народи, посебно со оние од Европа и Балканот
  • Откривање на миграции и историски процеси( од Бронзениот и железниот период, антиката и средновековието, па се до денешницата

Во проектот исто така може да учествуваат и малцинствата кои што живеат во Република Македонија.


Кои сме ние?

Ние сме Македонци доброволци и администратори заинтересирани за подобро сознавање на сопственото но и за потеклото на севкупниот Македонски народ, неговата историја како и историските процеси и миграции кои допринеле за создавањето на Македонскиот народ! Нашата страст кон генетиката за утврдување на потеклото и историјата допринесе ова да стане наше хоби и активно да учествуваме во Македонскиот ДНК Проект при FamilyTreeDNA, за неговото водење и организирање, како и за помагањето на учесниците за подобро да ги раберат сопствените резултати од тестовите!



Што е Y-DNA?

Y-DNA или Y хромозомот е хромозом кој што машките лица го наследуваат директно од својот татко. Во зависност од мутациите кои што се јавуваат, просечно по две во генерација и кои што се непроменливи, ние можеме да дефинираме заедничко потекло со друг човек кој што ги има истите мутации на сопствениот Y хромозом. Ваквото дефинирање со помош на мутациите во човековата популациона генетика уште се нарекува и хаплогрупа. Во популационата генетика се познати повеќе хаплогрупи од кои меѓу македонскиот народ најдоминантни се I-P37, E-M35, R-M512, J-M172, R-M269, итн. За тестирање на машката директна линија или Y-DNA, кликнете овде:
https://www.familytreedna.com/group-join.aspx?Group=Macedonia&fbclid=IwAR3ooCJzwJ2I4ivoW8j92Wu93YOD1eSTliOrTl0jIukfDkQDIdIFUVK9t0w. За машката линија, Y-DNA12 чини само 59$ но е препорачливо најмалку Y-DNA37, додека најдобриот тест е BIG Y-700!



Што е mt-DNA?

Mt-DNA е ДНК лоцирана во митохондријата која што машките и женските лица ја наследуваат директно од својата мајка. По тој начин ние можеме да се тестираме на директната женска линија и да откриеме луѓе со кои делиме ист женски предок како и мутациите кои што ја дефинираат нашата mt-DNA хаплогрупа. Постојат два теста, mtDNA Plus и mtFull Sequence. За mt-DNA тестирање кликнете овде: https://www.familytreedna.com/group-join.aspx?Group=Macedonia&fbclid=IwAR3ooCJzwJ2I4ivoW8j92Wu93YOD1eSTliOrTl0jIukfDkQDIdIFUVK9t0w



Што е Autosomal DNA?

Autosomal DNA е ДНК која се состои од 22 пара хромозоми кои што не се одлучувачки за одредување на полот. Оваа ДНК за разлика од Y-DNA и mt-DNA, се наследува од сите наши предци а не само од оние по директна машка или женска линија. Таа е рекомбинирачка и како таква се менува многу често во зависност од тоа чија ДНК сме ја наследиле повеќе или помалку. На пример, од некои предци сме наследиме повеќе, од други помалку, од трети пак, кои што живееле во подалечното минато, може и да не сме наследиле ништо! Постои само еден тест, тоа е Family Finder. За Autosomal DNA тест кликнете овде: https://www.familytreedna.com/group-join.aspx?Group=Macedonia&fbclid=IwAR3ooCJzwJ2I4ivoW8j92Wu93YOD1eSTliOrTl0jIukfDkQDIdIFUVK9t0w



Би сакале овој проект постојано да расте, да се надополнува со нови примероци и да ја подигнеме свеста на Македонскиот народ за подобро познавање на сопственото потекло и историја, да учествува се по активно во ДНК тестирањето кое што веќе зема голем замав ширум светот но и во поблиското соседство! Било какви донации се добредојдени при што треба да кликнете на: https://www.familytreedna.com/group-general-fund-contribution.aspx?g=Macedonia Donate линкот и да направите донација. Донациите ќе бидат искористени исклучиво за тестирање при FTDNA!


Оние кои што би сакале да се приклучат на проектот а се немаат тестирано, кликнете овде: https://www.familytreedna.com/group-join.aspx?Group=Macedonia&fbclid=IwAR3ooCJzwJ2I4ivoW8j92Wu93YOD1eSTliOrTl0jIukfDkQDIdIFUVK9t0w


Оние кои што веќе се тестирале при FTDNA или iGENEA и се немаат приклучено на проектот а би сакале да станат негови учесници, кликнете овде: https://www.familytreedna.com/my/group-join?group=Macedonia


ВНИМАНИЕ! Доколку се проклучите кон проектот, ве замолуваме да ги пополните местата на потекло на вашите предци. Односно местото на потекло на вашиот најдалечен познат предок по директна машка или женска линија, при што треба да го пополнете името на селото или градот во кое што вашиот предок бил роден, како и државата во која бил роден или каде денес се наоѓа тоа место!



Ви Благодариме за вниманието!


Никола Ѓошев

Администратор на Македонскиот ДНК Проект

nikola.gjoshev@gmail.com